Спортски мега попусти до 90% Купи сега →

Последно ажурирано: 15.10.2026

Право на откажување во рок од 14 дена

Имате право да се откажете од купувањето во рок од 14 дена од денот кога сте го примиле производот, без да наведете причина.

Како да вратите производ

  1. Во рок од 14 дена од приемот, известете нè дека сакате да го вратите производот. Јавете ни се на 075 721 715 и кажете ни го бројот на нарачката.
  2. Испратете го производот најдоцна 14 дена по известувањето.
  3. По приемот и проверката на производот, ќе ви ги вратиме платените средства, вклучително и трошокот за првичната стандардна достава.

Услови за враќање

  • Производот треба да биде неупотребуван, неперен, со оригиналните етикети и, по можност, во оригиналното пакување.
  • Трошокот за враќање на производот го сноси купувачот.
  • Средствата ги враќаме во рок од 14 дена од денот кога сме го примиле вашето известување. Може да го задржиме враќањето додека не го примиме производот назад.
  • Средствата ги враќаме на ист начин на кој е извршено плаќањето. При плаќање при достава, ги враќаме на трансакциска сметка што ќе ни ја доставите.

Замена за друга големина или боја

Ако ви треба друга големина или боја, јавете ни се во рок од 14 дена од приемот. Замената е можна според достапноста на залихата. Трошоците за праќање при замена ги сноси купувачот.

Исклучоци

Правото на откажување не важи за производи изработени или изменети според барањата на купувачот, на пример дресови и опрема со отпечатени имиња, броеви или грбови.

Оштетен, неисправен или погрешен производ

Ако сте примиле оштетен, неисправен или погрешен производ, јавете ни се во рок од 3 дена од приемот. Во тој случај сите трошоци за враќање и замена ги сносиме ние.

Контакт

СПОРТПЛАН ДООЕЛ – Скопје
Овластен дистрибутер на Givova и Zeus
Телефон: 075 721 715
Веб-страница: multisport.mk