Последно ажурирано: 15.10.2026
Овие услови важат за секое купување преку онлајн продавницата МУЛТИСПОРТ (multisport.mk), со која управува СПОРТПЛАН ДООЕЛ – Скопје (во понатамошниот текст: „продавачот“). Со испраќање нарачка потврдувате дека сте ги прочитале и дека се согласувате со овие услови.
1. Податоци за продавачот
СПОРТПЛАН ДООЕЛ – Скопје
Овластен дистрибутер на Givova и Zeus
Телефон: 075 721 715
Веб-страница: multisport.mk
2. Производи и цени
- Сите цени се искажани во македонски денари (ден.) и го вклучуваат данокот на додадена вредност.
- Цената на доставата не е вклучена во цената на производот и посебно се прикажува при нарачката.
- Фотографиите на производите се информативни. Можни се мали разлики во нијансата на бојата поради поставките на вашиот екран.
- Продавачот го задржува правото да ги менува цените. За веќе направена нарачка важи цената прикажана во моментот на нарачувањето.
3. Нарачка
- Изберете го производот, големината и бојата и додајте го во кошничката.
- Во кошничката проверете ги производите и количините, а потоа продолжете кон наплата.
- Внесете ги податоците за достава, изберете начин на плаќање и потврдете ја нарачката.
- По испраќањето ќе добиете потврда за нарачката на вашата е-пошта.
Договорот за купопродажба се смета за склучен кога продавачот ќе ја потврди нарачката. Пред испраќањето, продавачот може да ве контактира по телефон за потврда на нарачката, големината или адресата.
Ако нарачаниот производ повеќе не е достапен, продавачот ќе ве извести и ќе ви понуди замена или откажување на нарачката. Доколку однапред сте платиле, целиот износ ќе ви биде вратен.
4. Плаќање и достава
Начините на плаќање, цените и роковите за достава се опишани на страницата Достава и плаќање.
5. Право на откажување, враќање и замена
Како купувач на далечина имате право да се откажете од договорот во рок од 14 дена од денот на приемот на производот, без да наведете причина. Постапката е опишана на страницата Враќање и замена.
6. Рекламации
Ако примите оштетен, неисправен или погрешен производ, јавете ни се на 075 721 715 најдоцна во рок од 3 дена од приемот. Во тој случај трошоците за замена ги сноси продавачот.
7. Заштита на личните податоци
Вашите лични податоци ги користиме исклучиво за обработка и достава на нарачките. Повеќе информации ќе најдете во Политиката на приватност.
8. Завршни одредби
За сè што не е уредено со овие услови се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија, особено прописите за заштита на потрошувачите и за електронска трговија. Евентуалните спорови ќе се решаваат спогодбено, а доколку тоа не е можно, надлежен е судот во Скопје.
Продавачот може да ги измени овие услови. За секоја нарачка важат условите објавени во моментот на нарачувањето.
