МУЛТИСПОРТ (СПОРТПЛАН ДООЕЛ – Скопје), дистрибутер на брендовите Givova и Zeus, ја проширува својата мрежа на соработници. Ги покануваме продавниците за спортска опрема, онлајн продавниците, дистрибутерите и организациите да станат наши партнери.
Што добивате како партнер
- Партнерски цени – посебни услови за набавка на поголеми количини
- Широк асортиман – тренерки, дресови, комплети за екипи, опрема за тренинг и слободно време
- Сигурна набавка – залиха во Скопје и нарачка на модели од производителот
- Маркетинг поддршка – фотографии и описи на производите за вашата продавница
- Личен контакт – директна комуникација и брз одговор
Како до соработка
- Пополнете ја формата подолу.
- Ќе го разгледаме вашето барање и ќе ве контактираме.
- Договараме услови за соработка што одговараат на вашата дејност.
